ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПАРИ
1. Законско средство за плаќање во Република Македонија
Законско средство за плаќање во Република Македонија е Македонскиот Денар, кој се состои од 100 Дени. Народна Банка на Република Македонија има ексклузивно право на печатење и издавање на банкноти во Република Македонија.
Македонски банкноти во оптек (издание 1996 и 2003 година) се:
· 5000 Денари -издание 1996 година
· 1000 Денари -издание 1996 и 2003 година
· 500 Денари -издание 1996 и 2003 година
· 100 Денари -издание 1996 година
· 50 Денари -издание 1996 година
· 10 Денари -издание 1996 година
2. Печатење и карактеристики
Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во "Thomas De La Rue" Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 год е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, интаглио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички варијабилна боја.
3. Институции кои прибираат готовина
Институции кои прибираат готовина се Народна банка на Република Македонија и деловните банки. |