Нумизматичката збирка при НБРМ е прва специјализирана збирка во Република Македонија, со околу 20 000 примероци на монети, медалји, ексагии и модерни банкноти. Самата збирка е поделена на повеќе целини, и тоа:
пајонски монети (монети на пајонските племенски заедници и на пајонските владетели);
грчки, тракиски, келтски и илирски монети (монети на грчките градови и колонии, тракиски, келтски и илирски монети);
македонски монети (монети на македонските градови и македонските владетели);
римски монети (римски републикански и империјални монети);
средновековни монети (византиски, бугарски, венецијански, српски монети и монети на независните феудалци во Македонија);
модерни монети и банкноти (турски, бугарски, српски, австриски, унгарски, германски, шпански и др.);