среда, 08 септември 2010
почетна контакт веб-инфо веб-мапа en мк
За НБРМ
Лична карта
Функции
Транспарентност
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Членови на совет на НБРМ
Програма за работа на НБРМ за 2010
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Односи со меѓународни финансиски институциии
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Пазари преку шалтер со хартии од вредност
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Анкета за согледувањата на банките за ризиците при нивното работење
Платни системи
Платните системи во Република Македонија
Учесници и сметки во МИПС
Листа на водечки броеви на банките во Република Македонија
Регулатива за платните системи во Република Македонијa
Улогата на НБРМ во платниот систем во Република Македонија
Извештаи за платниот промет
Национален Совет за платни системи на Република Македонија (НСП)
Теми за дискусија
Конференции
Резултати од спроведени анкети
Статистика
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика
Екстерни статистики
Основни економски показатели
Публикации
Месечни информации
Квартални извештаи
Полугодишни извештаи
Годишни извештаи
Истражување
Македонски пари
Банкноти во оптек
Монети во оптек
Јубилејни монети
Нумизматика
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Регулатива за дигитални сертификати
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Нова Капитална Спогодба (Базел II)
Прашања и одговори

Конкурс за годишна награда за млади истражувачи

Согласно со Одлуката бр. 02-15/IX-1/2006 од 28.09.2006 година, Народната банка на Република Македонија објавува

Конкурс за годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата, како и афирмација на млади и стручни кадри, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) доделува годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата.

Годишната награда на НБРМ изнесува 100.000 денари.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст. Вработените во НБРМ и членовите на Советот на НБРМ немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски јазик. Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија. 

Еден автор има право да поднесе само еден труд.

На конкурсот за избор на најдобар труд авторите имаат право да конкурираат и со трудови кои веќе биле објавени, но не пред 01.01.2008 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Трудовите се поднесуваат до НБРМ со назнака: „За годишна награда на НБРМ“ по електронски пат, на адреса: konkurs@nbrm.gov.mk или преку линкот "Годишна награда на НБРМ" поставен на интернет-страницата на НБРМ (за НБРМ). Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Изборот на најдобар труд го врши Одбор за евалуација, кој се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е надворешен. Претседателот и членовите на Одборот за евалуација ги назначува гувернерот на НБРМ со решение кое ќе се објави на интернет страницата на НБРМ. Согласно Одлуката бр. 02-15/8-2007 од 17.04.2007 година, Одборот за евалуација може да додели втора награда на конкурсот во износ од 50.000 денари.  

Краен рок за доставување на трудовите е 01.03.2010 година.

Годишната награда на НБРМ ќе се додели на 26 април 2010 година, по повод Денот на монетарното осамостојување на Република Македонија.

 

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
ИнструментКаматна стапка
Благајнички записи4,50 %
Ломбарден кредит6,00 %
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута10,00 %
домашна валута со валутна клаузула20,00 %
странска валута13,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочности преку ноќ 1 нед. 1 мес. 3 мес.
SKIBOR 3,03 % 4,15 % 5,02 % 6,03 %
MKDONIA 2,70 % .
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 5,00%